logo
logo
logo

„Не го мијте автомобилот, особено ако е црн“ – добронамерен совет од паталец

Vecer | 18.06.2025

„Не го мијте автомобилот, особено ако е црн“ – добронамерен совет од паталец

Необичен инцидент е забележан во грчкото одморалиште Неос Мармарас, каде што паун одеднаш нападнал автомобил со српски регистрации, оставајќи видливи оштетувања на каросеријата.

Според групата „Грчка инфо“, сведокот на настанот опишал како птицата постојано кружила околу возилото, враќајќи се исклучиво на страната на совозачот.

„Се гледа себеси во автомобилот и упорно го напаѓа. Се обидов неколку пати да го избркам, но тој прави цел круг и повторно се враќа“, рече очевидецот. На крајот, тој заврши со порака што предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи:

„Не го мијте автомобилот, особено ако е црн, кога ќе дојдете тука“.

Овој необичен случај послужи како предупредување за туристите, особено за оние кои возат темни и полирани возила.

Имено, паунот најверојатно го гледа својот одраз во сјајната површина и го перцепира како соперник, па затоа реагира агресивно.

Жителите и посетителите на Неос Мармарас советуваат дополнителна претпазливост, бидејќи ваквите „напади“ од локалната фауна, иако изгледаат комично, можат да предизвикаат сериозни штети на возилата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk