Дали веќе сте го пробале овој трик кој ќе го направи вашето месо посочно од кога било досега?
Иако подготвувањето мелено месо изгледа како многу едноставна задача, често завршува со гумен вкус и непривлечна боја.
Затоа врвните готвачи споделија трик кој ќе ви помогне да го добиете најдобриот вкус и визуелен изглед од меленото месо.
Треба само да додадете малку сода бикарбона во неа.
Ако го додадете во месото, ќе остане меко, а притоа ќе добие убава боја при готвењето и нема да испушта многу вода.
Искусните готвачи тврдат дека е доволно да се раствори прстофат сода бикарбона во малку вода, а потоа да се измеша во сировото мелено месо и да се остави да отстои најмалку 15 минути (но не повеќе од 45 минути) пред да се готви.
На овој начин месото ќе има убава боја, а исто така ќе изостане и гумениот вкус кој понекогаш може да се појави по долго варење.
Трикот е во едноставна хемиска реакција - сода бикарбона ја <b>зголемува pH вредноста на месото<span> </span></b>и на тој начин го спречува врзувањето на протеините во месото. Благодарение на ова, вишокот вода не се цеди.