logo
logo
logo

Лозарите годинава се банкрот (ДЕТАЛИ ВО БРОЈКИ И БУКВИ)

Vecer | 22.11.2023

Лозарите годинава се банкрот (ДЕТАЛИ ВО БРОЈКИ И БУКВИ)

Лозарите во Македонија имаат исклучително тешка и траорна година. Земјоделците кои живеат од производство на грозје се соочуваат со сиромаштија.

А од тоа што можеше да се набере и продаде е со ниска цена.

Официјалните бројки на Државниот завод за статистика се немилосрдни и покажуваат дека откупот на грозје во август и септември годинава е само 7 отсто во споредба со истиот период 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вкупните бројки покажуваат дека во периодот јули, август и септември лозарите продале само 25.441 тони грозје. Тоа во споредба со истиот период лани е ниво на статистичка грешка. Затоа што лани во овој период македонските лозари продале над 361.021 тони грозје.

Годинава август бил месец што ќе остане како очаен односно најслаб период за берба и предавање грозје. Затоа што биле откупени само 1.350 тони грозје што е 2,8 пати помалку од лани.

Но тоа не е најлошото! Хоророт доаѓа во септември кој традиционално е месец на гроздоберот.

Предадени се само 23.998 тони грозје. А тоа е помалку од 7 отсто од откупеното грозје лани кога во септември лозарите предале 357.000 тони грозје.

Годинава од гроздоберот лозарите наплатија помалку 10 милиони евра за перодот јули, август и септември. И тоа не се случило никогаш порано.

Претходната година од продажба на грозје само во септември лозарите наплатија 30 милиони евра! Истиот месец годинава вредноста на откупеното грозје изнесува 8 милиони евра.

Официјалните податоци за ДЗС покажуваат дека лозарите годинава се банкрот.

А особено се погодени земјоделците од Тиквешијата затоа што нивната егзистенција е сериозно нарушена дополнително и со неизвесноста и стравот од затворањето на „Еуроникел индустри“ (поранешен ФЕНИ) најголемата индустрија во тиквешкиот регион.

Тие веќе на предупредувачки протест побараа државна помош од 5 денари за секој откупен килогам грозје и враќање на старите стимулации од 40.000 денари за лозови насади под еден хектар и 48.000 денари за насади над еден хектар.

Жителите на Тиквешијата се соочуваат со невиден егзистенцијален притисок кој во момент може да експлодира во социјална револуција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk