logo
logo
logo

Трамп повторно им се закани на БРИКС: АКО СЕРИОЗНО СЕ ОБЕДИНАТ...

Vecer | 20.07.2025

Трамп повторно им се закани на БРИКС: АКО СЕРИОЗНО СЕ ОБЕДИНАТ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес повторно се закани дека ќе воведе царини за членовите на БРИКС, велејќи дека групата „брзо ќе заврши“ доколку некогаш сериозно се формира.

„Кога слушнав за оваа група БРИКС, тие шест земји... ги погодив многу, многу силно. И ако некогаш навистина сериозно се обединат, тоа брзо ќе заврши“, рече Трамп, без директно да ги именува земјите, пренесува Ројтерс.

Тој изјави дека е посветен на зачувување на статусот на американскиот долар како глобална резервна валута и рече дека никогаш нема да дозволи воведување на дигитална валута на централната банка (CBDC) во Соединетите Американски Држави.

БРИКС е организација на група земји во развој, составена од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, додека Иран, Египет и Етиопија неодамна се приклучија.

Овие земји бараат начини да ја намалат својата зависност од американскиот долар, вклучувајќи идеи за заедничка валута или трговија со национални валути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk