logo
logo
logo

Вечер Анализа

Во каков проблем влезе ЕУ по договорот со Трамп? АМЕРИКА ДОКАЖА ДЕКА Е ЛИДЕР НА ЗАПАДНИОТ СВЕТ

Vecer | 28.07.2025

Во каков проблем влезе ЕУ по договорот со Трамп? АМЕРИКА ДОКАЖА ДЕКА Е ЛИДЕР НА ЗАПАДНИОТ СВЕТ

Европската Унија нема да може да го исполни своето ветување да инвестира 600 милијарди долари во американската економија, објави Политико, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ.

Европската Унија призна дека нема моќ да го исполни своето ветување да инвестира 600 милијарди долари во економијата на Соединетите Американски Држави, само неколку часа откако го даде тоа ветување на значајните трговски разговори во Шкотска. Ова е затоа што парите ќе дојдат целосно од инвестиции во приватниот сектор, врз кои Брисел нема контрола“, се вели во коментарот.

Европската Унија 24 часа потоа призна дека не е во можност да го исполни ветувањето до американскиот претседател Доналд Трамп за дополнителни 600 милијарди долари инвестиции во американската економија, само неколку часа откако беше постигнат договор на историските трговски разговори во Шкотска, тврдат извори на Политико.

Причината е што парите треба да доаѓаат целосно од приватни европски компании, а не од јавни средства на ЕУ, потврдија двајца високи претставници на Европската комисија. Брисел, нагласуваат тие, нема овластување да му каже на приватниот сектор каде да инвестира.

Во понеделник, претставници на Комисијата разјаснија дека ова се однесува исклучиво на инвестиции од приватниот сектор, без никаков придонес од јавни средства.

Ова не е нешто што ЕУ како јавна власт може да го гарантира. Станува збор за намерите на приватните компании“, рече еден висок функционер. Комисијата не објави никакви стимулации за да се осигури дека приватниот сектор всушност ќе го достигне тоа ниво на инвестиции, ниту пак даде прецизен временски рок.

Првиот функционер додаде дека бројката од 600 милијарди евра е „заснована на детални разговори со деловни здруженија и компании за да се проценат нивните инвестициски намери“

Неименуван висок функционер на Европската комисија објасни дека ЕУ не може да ја гарантира реализацијата на инвестицијата, бидејќи тоа зависи од намерите на приватните компании.

Според друг извор, договорената сума на инвестиции се базира на детални разговори со разни деловни здруженија и компании.

Експертите ја коментираа идејата за тој обем на европски инвестиции од приватниот сектор на ЕУ во САД со скептицизам.

Нема сомнение дека глобалната симболична порака на договорот меѓу ЕУ и САД е дека Белата куќа, а не Брисел, е местото каде што се носат клучните стратешки одлуки со глобални импликации, и дека Америка ќе остане недопирлив епицентар на моќ во догледна иднина, барем пред Западот.

Исто така, сега е јасно дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и гувернерката на Европската централна банка, Кристин Лагард, пропуштија мала шанса за само неколку месеци да ја промовираат Европа како зона во која е интересно да се инвестира, традиционално активно да се тргува, па дури и да се користи нејзината валута, еврото, како резервна валута наместо доларот.

По договорот што наликува на класична капитулација, надежите за големо евро на иднината исчезнаа... “ пишува во својата анлиза хрватскиот Јутарњи лист.

Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД покажува дека зависноста од Вашингтон ги прави сојузниците ранливи, коментира Блумберг, и продолжува:

Доналд Трамп покажува дека малтретирањето е добра стратегија на меѓународната сцена, особено со вашите пријатели.

Европската унија прифати царини од 15% за извоз во САД според договорот постигнат со американскиот претседател вчера, откако тој се закани дека ќе го удира блокот со царини високи до 50%. Договорот спречи штетна трговска војна, иако многу претставници на ЕУ се пожалија дека Брисел ефикасно капитулирал.“

Германската хемиска федерација беше првата што реагираше на постигнатиот договор, наведувајќи дека царинските давачки се превисоки. Францускиот министер за европски прашања Бенџамен Адад веднаш реагираше, велејќи дека договорот не е избалансиран.

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор во Шкотска, според кој, меѓу другото, производите на ЕУ во Америка ќе подлежат на царинска давачка од 15 проценти. Главната индустрија на ЕУ - металоперработувачката и автомобилската досега имаа царина од САД до 5 проценти“.

Трамп е победникот

Откако вети серија нови трговски договори со бројни земји, американскиот претседател Доналд Трамп сега исполни најголемиот од најавите, објави британската ТВ мрежа Би-Би-Си.

Според првичните анализи, се чини дека ЕУ направила повеќе отстапки, што е голема политичка победа за Трамп во време кога агресивноста и уцената се чинеше дека не даваат никакви резултати во врска со трговските прашања.

Аналитичарите на „Капитал економикс“ проценуваат дека договорот ќе го намали БДП на Унијата за околу 0,5%. Покрај тоа, Вашингтон очекува приходи од десетици милијарди долари од царини за увоз од ЕУ.

Сепак, позитивните наслови за Трамп би можеле брзо да исчезнат ако претстојните економски индикатори - инфлација, вработеност, раст и доверба на потрошувачите - покажат дека неговите агресивни трговски политики ѝ штетат на американската економија.

Трамп изјави дека ЕУ ќе инвестира 600 милијарди долари во САД и ќе купи енергетски производи во вредност од 750 милијарди долари, како и американска воена опрема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk