Веганското чоколадо iChoc Planty Classic се повлекува од хрватскиот пазар поради ризик од контаминација со салмонела. На купувачите им се препорачува да не го консумираат производот и да го вратат во продавницата, пишува N1.
Државниот инспекторат објави повлекување на веганското чоколадо iChoc Planty Classic од 80 грама, ЛОТ L25125, со рок на траење од 31 јули 2026 година.
Производот е од Германија, а на хрватскиот пазар го пласираше компанијата Galleria Internazionale d.o.o. од Загреб. Причината за повлекувањето е можна контаминација со бактеријата салмонела, која може сериозно да го загрози здравјето на потрошувачите.
Упатства на продавниците за клиентите
„Ги молиме сите клиенти кои го купиле споменатиот производ да не го консумираат и да го вратат во нашите филијали. Вашата нарачка ќе биде целосно вратена. Безбедноста на нашите клиенти ни е најважна, затоа ги презедовме сите потребни мерки во согласност со упатствата на производителот и надлежните органи“, велат од продавниците.
Повлечениот производ не е во согласност со Регулативата 178/2002 на Европската Унија за безбедност на храната, која ги пропишува општите принципи и барања за законот и процедурите за храна во областа на безбедноста на храната.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата