logo
logo
logo

„Во првите 6 месеци ИЗВОЗОТ РАСТЕ ПОВЕЌЕ ОД УВОЗОТ - очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит“

Vecer | 11.08.2025

„Во првите 6 месеци ИЗВОЗОТ РАСТЕ ПОВЕЌЕ ОД УВОЗОТ - очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит“

Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Петровец, каде имаше увид во изведбата на повеќе општински проекти.

- После долго време, во првите шест месеци извозот расте повеќе во однос на увозот. Извозот беше 2,9% зголемен во првите 6 месеци споредено со минатата година, а увозот 2,3 или 2,4% во истиот период. За прв пат после долго време се случува да се намалува трговскиот дефицит со странство, и тоа во услови кога автомобилската индустрија е во таква состојба каква што е, а нашата извозна компонента најмногу отпаѓа на автомобилската индустрија. Очекувам и во периодот што следи таквата економска активност да продолжи, посочи премиерот Мицкоски.

ПОЗИТИВА ВО РУДАРСТВОТО И ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА: Раст на извозните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.4 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец, а 5.3 % во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %.

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 3.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 5.7 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година се зголемени за:

0.4 % во однос на претходниот месец

5.3 % во однос на истиот месец од претходната година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk