logo
logo
logo

Америка до Европската Унија: „ОВА Е ПОСЛЕДНИОТ РОК“

Vecer | 21.07.2025

Америка до Европската Унија: „ОВА Е ПОСЛЕДНИОТ РОК“

Соединетите Американски Држави не планираат да ѝ дадат на Европската Унија нов рок за постигнување трговски договор во врска со воведените царини, изјави денес американскиот министер за трговија Хауард Латник.

„Ова е последниот рок“, изјави Латник за Си-Би-Ес, осврнувајќи се на датумот 1 август, наведува Блумберг.

На тој ден, како што претходно беше најавено, Вашингтон планира да воведе царини од 30 проценти за стоки од Европската Унија доколку дотогаш не се постигне договор.

Сепак, министерот нагласи дека можноста за дијалог останува отворена дури и по воведувањето на мерките.

„Можеме да разговараме дури и по тој датум, но тогаш тие веќе ќе плаќаат царински давачки“, рече Латник.

Портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, во петокот изјави дека ЕУ се подготвува за сите можни сценарија кога станува збор за американските царини, но сепак верува дека е можно да се реши спорот преку преговори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk