logo
logo
logo

Меморандум за разбирање на Владата со Македонски Телеком

„Меморандум за разбирање за дигитална иднина, за општество во кое технологијата служи на граѓаните“

Vecer | 17.07.2025

„Меморандум за разбирање за дигитална иднина, за општество во кое технологијата служи на граѓаните“

„Денеска заедно со Тимотеус Хетгес, главен извршен директор на Дојче Телеком и Доминик Лерој, член на Управниот одбор на Дојче Телеком, ГИД за Европа, и Горан Марковиќ, главниот извршен директор на Македонски Телеком, потпишавме Меморандум за разбирање на Владата со Македонски Телеком, со што се потврдува заедничката цел на двата најголеми акционери во компанијата за дигитална трансформација и просперитет на земјата.

Денешниот Меморандум за разбирање е потврда на нашата определба за дигитална иднина, за општество во кое технологијата служи на граѓаните, институциите и бизнисот.

Со оваа соработка со телекомуникациските оператори, поставуваме силна основа за унапредување на дигиталната инфраструктура, поголема поврзаност и поприсутни, поквалитетни услуги за сите.

Владата останува посветена на целосна дигитализација на јавните услуги, воведување на паметни системи и градење на современа, ефикасна и транспарентна држава.

Ова е чекор напред во визијата за Македонија како дигитална земја – со силна економија, модерна администрација и граѓани кои лесно, брзо и без бариери доаѓаат до услугите што им припаѓаат,“ објави премиерот Христијан Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk