logo
logo
logo

Мицкоски за повикот на САД за царини кон Русија

Vecer | 22.07.2025

Мицкоски за повикот на САД за царини кон Русија

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во одговор на новинарско прашање за повикот на САД земјите од Европа да стават стопроценти царина на руските производи, рече дека ние како држава со усогласена политика со ЕУ ќе го следиме тој процес.

-Ние сме прва држава од регионот која има стопроцентна усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, така што ќе го следиме тој процес и доколку се донесе таква одлука, ние како држава тоа ќе го примениме, изјави Мицкоски на прес-конференција со претставници на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела најави дека ќе ѝ воведе царини од 100 проценти на Русија доколку до почетокот на септември не склучи мировен договор со Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk