40 компании членки на Советот на странски инвеститори денес на економскиот тим на владата му дадоа свои иницијативи забелешки идеи и конструктивни коментари.
Претседателот на советот Виктор Мизо на прес-конференција заедно со премиерот по средбата рече дека најважно за странските инвеститори во земјава е тоа што е почна процесотт на хармонизација на царинските стапки со европската Унија, што се воведени меѓународни сметководствени стандарди, но и учеството на компаниите странски инвестиции во подготовката на законите и учество во Економско социјалниот совет.
– Го поздравивме хармонизирањето на царинските стапки со ЕУ за 67 тарифни броеви веќе влезе во закон 50% намалување на стапките споредено со ЕУ, а од 1 јануари целосна хармонизација на стапките. Тоа е многу важен чекор за странските инвеститори, бидејќи ја зголемува нивната конкурентност и се очекува овие компании да инвестираат во земјава, но и дека ова ќе донесе и нови инвестиции во земјава – рече Мизо.
Тој рече и дека странските инвеститори се задоволни што е донесен усогласен закон за минимален глобален данок.
– Од минатата година, но и оваа се плаќа данок од 15% и тоа е добро – рече тој.
Мизо го пофали и воведувањето на меѓународните стандарди во сметководството, но и побара и компаниите на странските инвеститори да учествуваат во донесувањето на законите и да учествуваат во работата на економско-социјалниот совет.
– Олеснување за компаниите е воведувањето и на меѓународните стандарди во сметководството. Што значи нема компаниите да прават двојно сметководство. Пред или по изворите ќе имаме и работни групи кои ќе учествуваат во изготвување закони, посебно законите за работни односи, за финансиска поддршка и законот за странци. Укажавме на потребата за членство на странските инвеститори во социјално економскиот совет за дозволи за работници од странство. Но не за увоз на работници од странство туку за да дојдат странски експерти и менаџери да го водат почетокот на инвестирањето во земјава – рече Мизо.

Мицкоски: Подаваме рака и на домашните и на странските инвеститори
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес- конференција на кој информира дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции, тело составено од преставници на водечки странски компании кои веќе инвестираат кај нас и кои со години ги следат економските политики во земјава.
-Во дијалогот разговаравме отворено за предизвиците но и за потенцијалите што ги нудиме. Јасно е дека имаме промени кои мораме заеднички да ги продолжиме. Затекнавме една една тешка слика и реалност која ја менуваме. Денес имаме економија која расте, индустрија која произведува и извоз кој се зголемува и инвеститори кои повторно гледаат шанса да се тука дома во Македонија – изјави премиерот Мицкоски.
Тој потенцира дека реалниот раст на БДП во првиот квартал од 2025 година е 3,2% и дека тоа не е случајност и дека е резултат на стабилни политики и вредна работа.
-Во периодот јануари -мај извозот е зголемен за 3,15%, додека увозот бележи раст од само 1% – потенцира Мицкоски.
Денес имаме економија која расте, индустрија која произведува, извоз кој се зголемува и инвеститори кои повторно гледаат шанса тука, дома, во Македонија.
– Реалниот раст на бруто-домашниот производ во првиот квартал од 2025 изнесува 3,2 проценти. Тоа не е случајност- тоа е резултат на стабилни политики и вредна работа, објасни денеска премиерот Мицкоски.
– Во периодот јануари- мај, извозот е зголемен за 3,15 проценти, додека увозот бележи раст од само 1 процент. Тоа е знак дека стануваме поконкурентни, дека произведуваме повеќе и пласираме повеќе на странските пазари;
– Индустриското производство во мај порасна за 9,4 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Сè повеќе фабрики работат, сè повеќе линии се пуштаат, сè повеќе работници се враќаат во производните погони;
– Трговскиот дефицит е намален за 80тина милиони долари во првите два месеци од вториот картал, тука зборуваме за месеците Април и Мај, што е намалување за 13 проценти споредено за истиот период од минатата година;
– И, конечно минатата година имавме странски инвестиции кои што имаат свој рекорд од 1 милијарда и 255 милиони евра.
Ова е поинаква слика од онаа која ја затекнавме
Некогашната влада не се бореше за инвестиции- се бореше за провизии. Не им отвораа врати на инвеститорите- ги бркаа. Не градеа доверба- градеа шеми за лично профитирање. Резултатот беше економски застој, изгубени шанси и осиромашени граѓани.
Денес, ситуацијата е поинаква.
Подаваме рака и на домашните, и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно.
Потполно сум свесен дека граѓаните сеуште живеат тешко и дека недостатокот на пари е присутен. Но промените ќе ги дадат конкретните резултати многу побрзо и ние вложуваме напори тоа да биде час поскоро и посилно, ефектите од ваквиот раст во економијата неминовно ќе се почувствуваат и јас сум сигурен дека се движиме во добра насока.
Можам да најавам дека се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката. Исто така, разговараме со САД за можни царински олеснувања и верувам дека ќе бидеме во групата земји кои што ќе бидат наскоро објавени, кои што ќе имаат услови најповолни за да извезуваат на американскиот пазар.
Сето ова не доаѓа преку ноќ. Но доаѓа тула по тула, бидејќи се градат темелите на промените.
Ние не ветуваме чуда, туку многу работа. Секој ден. За секоја инвестиција, за секое ново работно место, за секој денар повеќе во буџетот, за секој чекор напред на државата.
Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.
-Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар – рече Мицкоски.
САД од денеска најавија испраќање официјални писма до трговските партнери со детали за новите царини и трговски договори. Американскиот претседател Доналд Трамп уште во април најави основна царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули.
За брзата пруга има интерес од големи финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, изјави дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа. Откако ќе биде направена анализата, како што најави, ќе се излезе со детали во јавноста.
Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со податокот која е најдобрата понуда. Има понуди и тоа не прави особено задоволни затоа што големи финансиски светски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа сега пројавуваат интерес да учествуваат во овој проект што посебно не охрабрува – рече Мицкоски.
Рокот за доставување на понудите е до денеска, а Министерството за финансии имаше испратено барања за понуди до 24 финансиски институции за финансирање изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата