logo
logo
logo

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ЦВЕТА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА, синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

Vecer | 18.07.2025

 НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ЦВЕТА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА, синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

Цвета бизнисот со струја на Душко Заев, синот на експремиерот Зоран Заев. Неговата фирма „Тотал енерџи“ лани, во 2024 година, имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра, пишува Фактор.

Младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година, а таа била во плус уште првата година по отворањето. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра.

Во 2023 година, Душко Заев веројатно бил единствениот вработен – фирмата имала само едно вработено лице. Од 2024 година, во „Тотал Енерџи“ има тројца вработени.

Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев.

Целиот текст на следниов линк

Фото: Фактор

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk