logo
logo
logo

Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ и ФИНКИ

Зајакнување на врските меѓу индустријата и дел од академската заедница

Vecer | 17.07.2025

Зајакнување на врските меѓу индустријата и дел од академската заедница

Најголемата домашна компанија за производство на електрична енергија АД ЕСМ, и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска склучија партнерство преку Меморандум за соработка, означувајќи стратешки чекор кон зајакнување на врските помеѓу индустријата и академската заедница.

Меморандумот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски има за цел да ги спои теоретското знаење и иновациите со практичните потреби и предизвици, отворајќи нови можности за заеднички развој и дигитална трансформација.

„Соработката е од суштинско значење за нашата компанија и за енергетскиот сектор, воопшто. Станува збор за една од водечките високообразовни институции во областа на информатичките технологии која ќе ни овозможи пристап до најновите иновации и експертиза, кои се клучни за оптимизација на нашето производство, подобрување на безбедноста и дигитална трансформација. Партнерството со ФИНКИ ќе ни помогне да ги задоволиме растечките потреби на енергетскиот пазар и да придонесеме за стабилен енергетски систем“, изјави Узунчев.

Деканот на ФИНКИ ја нагласи взаемната корист од соработката.

„Исклучително сме горди на зајакнување на соработката со најголемата и стратешки најважната домашна компанија за производство на електрична енергија. Ова е одлична можност за нашите студенти и професори да ги применат своите знаења и истражувања во реални индустриски услови. Преку пракси, менторство и заеднички проекти, студентите ќе се здобијат со драгоцено искуство кое ќе ги подготви за пазарот на трудот. Во исто време, нашата експертиза во области како вештачка интелигенција, анализа на податоци и сајбер безбедност ќе помогне на АД ЕСМ да ги адресира предизвиците и да ја зајакне својата позиција како иновативен лидер во секторот, и во насока на зајакнување на примена на новите технологии во развојот на иновациите во енергетскиот сектор“, рече Јакимовски.

Стратешкото партнерство ќе опфати повеќе клучни области – истражување, практична настава и пракса за студенти, обуки, размена на знаење и експертиза, како и реализација на заеднички проекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk