logo
logo
logo

Компанијата „ЏАГАТАЈ КАБЛО“ ќе инвестира 6 милиони евра во нов погон

Vecer | 10.07.2025

Компанијата „ЏАГАТАЈ КАБЛО“ ќе инвестира 6 милиони евра во нов погон

Турската компанија „Џагатај Кабло“ која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1 утре почнува изградба на нов погон, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања – реле Мицкоски.

Новата фабрика, која ќе почне да се гради утре, ќе биде двојно поголема од постоечката и освен што ќе отвори нови работни места, ќе донесе и нови технологии.

Инвестиција беше најавена во јули минатата година.

„Џагатај Кабло“ произведува жици и кабли за автомобилската индустрија. Тие ги снабдуваат водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk