logo
logo
logo

ФИНА ЈА КУПУВА ЗАГРЕБСКАТА БЕРЗА, која поседува 30% од Македонската берза

Vecer | 12.08.2025

ФИНА ЈА КУПУВА ЗАГРЕБСКАТА БЕРЗА, која поседува 30% од Македонската берза

Финансиска агенција (Фина), државна институција во Хрватска ја започна постапката за преземање на Загрепската берза, која поседува 29,98% од акциите во Македонската берза и е убедливо нејзин најголем поединечен сопственик пишува Bloomberg Adrija.

Фина неодамна до Хрватската агенција за супервизија на финансиски услуги (ХАНФА) и Загрепската берза д.д. поднела известување за намера за објавување на доброволна понуда за преземање на Загрепската берза и најави дека во согласност со законските одредби и пропишаните рокови ќе поднесе до ХАНФА барање за одобрување за стекнување на квалификуван удел во Загрепската берза.

ФИНА е мнозински сопственик на Централното депозитарно и клириншко друштво (СКДД) и нејзината подружница „СКДД-ЦЦП Смарт Клиер“ (SKDD-CCP Smart Clear), како и најголем поединечен акционер на Загрепската берза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk