logo
logo
logo

„Има понуди за финансирање на брзата пруга Гевгелија - Табановце“

Vecer | 06.07.2025

„Има понуди за финансирање на брзата пруга Гевгелија - Табановце“

- Има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според него пругата и е потребна на државата веднаш затоа што ќе остане изолирана ако не ја изгради и модернизира.

Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.

Брзата пруга ја најави министерот за транспорт, Александар Николоски кон крајот на април годинава.

Тој рече дека Македонија сама ќе инвестира во брза пруга од Табановце до Гевгелија, а изградбата на овој проект ја процени на околу две милијарди евра. 

Николоски тогаш посочи дека поврат на инвестицијата се очекува за 10-12 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk