Американскиот претседател Трамп ги натера ЕУ да ветат дека во САД ќе инвестираат 600 милијарди долари за планиран рок од пет до седум години, иако во ЕУ владее еконосмка и социјална криза кај најсилните држави како Германија и Франција. Изгледа дека има и второ ниво на планот, а тоа е запирање на американските иневстиции во ЕУ.
Интел се откажува од изградбата на фабрика во Германија каде што требаше да инвестира 30 милијарди евра и да вработи 3.000 луѓе. И тоа и покрај ветувањата за милијарди државни субвенции. Кои се последиците?
Во 2022 година, американската компанија Интел објави дека ќе отвори две фабрики за чипови во Магдебург и ќе вработи 3.000 луѓе таму. Сега таа официјално се откажа од тој проект.
Американскиот производител на чипови е во криза. Во третиот квартал од минатата година, објави загуба од дури 2,9 милијарди долари. Се најавуваат и отпуштања: на крајот од минатата година, 109.000 луѓе работеа за Интел низ целиот свет, а на крајот од оваа година ќе има само 75.000 од нив.
Инвестирањето во фабрики во Германија беше идеја на претходниот менаџмент на американската компанија. Новиот менаџмент, предводен од генералниот менаџер Лип-Бу Тан, смета дека инвестициите во фабриките се „неразумни и прекумерни“. И политиката „Америка на прво место“ на Доналд Трамп, исто така, остава свој белег.
Милијарди субвенции

За градот Магдебург и германската покраина Саксонија Анхалт, ова значи дека останува без инвестиција вредна 30 милијарди долари - од кои речиси десет милијарди требаше да бидат субвенции, односно пари на германските даночни обврзници. За среќа, таа финансиска поддршка не беше исплатена на Интел.
Одлуката за субвенцијата ја донесе претходната германска влада на канцеларот Олаф Шолц. За неа, инвестицијата од 9,9 милијарди во проектот Интел беше стратешка одлука.
Од кризата со коронавирусот, зависноста од увозот на чипови стана очигледна, бидејќи за време на пандемијата, снабдувањето од Азија речиси целосно престана. Производните линии на производителите на автомобили беа запрени, лаптопите тешко се наоѓаа, а луѓето чекаа со месеци за испорака на машини за перење. Фабриките за чипови во Европа требаше да донесат поголема сигурност во снабдувањето.
Губитник денес, победник утре?

Дали идејата за производство на чипови на истокот од Германија сега пропадна? Не е. Таму никнуваат најмалку три нови фабрики. Конкуренцијата на Интел, Тајванската компанија TSMC која е најголем производител на чипови во светот, не се откажува. Нивната фабрика во индустриската зона Дрезден, која исто така е субвенционирана, треба да започне со работа во 2027 година. Во непосредна близина, се појавува и фабрика на производителот на чипови Infineon. Таа веќе е во „сива фаза“.
Повлекувањето на Intel е „горчлива пилула што треба да се проголта“, според весникот Volksstima од Магдебург. Но, може да биде и шанса:
„Да, Магдебург денес е губитник, но наскоро би можел да стане победник“, пишува германскиот весник.
„Тепихот за Intel е сè уште таму. Други сега можат да влезат во индустриска зона што ретко кој во Германија може да ја понуди“.
Некои познати компании веќе се распрашуваат, вели Рајнер Хазелоф, премиерот на Саксонија-Анхалт. Пред десет дена, FMC (Ferroelectric Memory Company) објави планови за изградба на фабрика за чипови токму во индустрискиот парк Магдебург. Основана во 2016 година, FMC е поддржана од компании како што се Bosch, Air Liquide, Merck и други меѓународни инвеститори.
Што покажуваат случаите на Интел и Фолксваген?
Севкупно, одлуката на Интел „не е шлаканица за Германија“, оценува економскиот весник Ханделсблат. Но, грешка беше, вели тој, што поранешниот канцелар Шолц и министерот за економија Роберт Хабек инвестираа толку огромна сума во еден проект - особено затоа што растеа сомнежите дали Интел воопшто ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како што се TSMC или Samsung.
А добрата вест за Германија е дека ниту едно евро сега не излегува од државната каса, потсетува Ханделсблат.
Сепак, како што оценува весникот Меркише Одерцајтунг, повлекувањето на Интел, како и неодамнешните вести за голем пад на профитот на Фолксваген во вториот квартал од оваа година, сепак укажуваат на еден фундаментален проблем: структурните слабости на Германија како деловна локација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата