logo
logo
logo

НЕ ВИ ТРЕБА РАДИО: Звучна трака на автопатот во Емирати ја свири „ОДА НА РАДОСТА“ од Бетовен

Vecer | 18.07.2025

НЕ ВИ ТРЕБА РАДИО: Звучна трака на автопатот во Емирати ја свири „ОДА НА РАДОСТА“ од Бетовен

Немате радио во вашиот автомобил? Нема проблем. Емиратот Фуџаира инсталираше „саундтрак“ долг 750 метри на автопатот кој ја свири „Ода на радоста“ од Бетовен кога автомобилите поминуваат преку него.

Слични „музички патишта“ веќе се поставени во земји како САД, Јапонија и Унгарија. Но, овој во Фуџаира, емират оддалечен околу 120 километри од Дубаи, е првиот во арапскиот свет, изјави за Ројтерс Али Обаид Ал Хефаити, директор на локалната уметничка академија.

Саунд-барот работи на принципот на испакнатини врежани на патот. Кога гумите ќе ги удираат со брзина од приближно 100 километри на час, вибрациите произведуваат мелодија што може да се слушне во внатрешноста на возилото.

„Ода на радоста“ од Лудвиг ван Бетовен беше природен избор како една од најпознатите композиции, рече Ал Хефаити.

Мохамад Ал Матруши, Оманец кој патува по автопатот, рече дека музиката го опуштила по долго патување.

- Музиката те внесува во поинакво расположение, особено затоа што е Бетовен - рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk