logo
logo
logo

ОЗЕМПИК - ЛЕК ЗА СУЕТНИТЕ, а не само за дијабетичарите, веќе не го купуваат а Novo Nordisk е во криза

Vecer | 09.08.2025

ОЗЕМПИК - ЛЕК ЗА СУЕТНИТЕ, а не само за дијабетичарите, веќе не го купуваат а Novo Nordisk е во криза

Озенпик замислен да им помогне на дијабетичарите, со примена под контрола и нандзор на стручни медицински лица, стана популарен и собра пари од дебелите, или тие кои само мислат дека се дебели, за да ослабат. Но, секој лек кој ќе се употребува надвор од својата намена завршува како отров за телото.

Лекот „оземпик“, кој е наменет за лекување на дијабетес тип 2 така стана тренд за суетните.. Наместо да сменат исхрана а зголемат движење, по препорака на разни јавни личности организирани за промоција од маркетинг службата на произведувачот, многу луѓе се обидуваат да ослабат со овој лек и го купуваат преку интернет.

Опасноста тогаш е двојна, според експертите, бидејќи покрај сериозните здравствени компликации што можат да ги добијат со земање на оригиналниот лек „Оземпик“ самостојно, тие се ставаат и во опасност да земат фалсификат или некои сосема различни супстанции, што исто така може да има фатални последици!

Луѓето се ставаат во опасност некој да им ја го земе здравјето, особено ако го купат лекот „оземпик“ преку интернет. Не се знае какви состојки може да има таму. Имаше приказна дека некои кутии содржеле инсулин наместо „Оземпик“. Ова можело да предизвика инсулински шок и тешко оштетување на мозокот. Ефектот на лекот е таков што лачи ензими кои го потиснуваат апетитот, но може да има огромни последици по здравјето на луѓето, ако не се користи правилно.

Постои растечко внимание кон потенцијалната врска помеѓу Оземпик и проблемите со здравјето на очите. Една од главните загрижености е неговото влијание врз дијабетичната ретинопатија, честа компликација на дијабетесот што ги зафаќа крвните садови во мрежницата. Промените во нивото на шеќер во крвта, за кои Оземпик помага да се регулираат, можат да влијаат на прогресијата на дијабетичната ретинопатија. Некои пациенти пријавиле дека имале заматен вид и други визуелни нарушувања додека го земале овој лек.

Откако јавноста се запозна и со опсаностите од Оземпик користен за лечење на суетата и, наводно, слабеење со губење на апетитот фирмата која го произведува падна во криза.

Данскиот фармацевтски гигант Novo Nordisk, креатор на мегапопуларниот лек за дијабетес кој е (зло)употребуван и за за слабеење „Оземпик“ (semaglutide), се соочува со драматичен пад на вредноста на акциите и продажбата, губејќи речиси 100 милијарди долари од пазарната капитализација.

Овој пад доаѓа по второто намалување на годинешната прогноза за продажба, а неделата што измина беше најлоша за компанијата во последните две децении, објави „Гардијан“.

Пред само една година, пазарната вредност на Novo Nordisk беше поголема од целата економија на Данска, достигнувајќи повеќе од 600 милијарди долари. Но, недостигот на производи, конкуренцијата и поевтините копии на лекот сериозно ја нарушија позицијата на компанијата.

„Оземпик“ и неговата варијанта за слабеење „Веговј“ се меѓу најпознатите GLP-1 агонисти — лекови кои го имитираат хормонот што го регулира апетитот и нивото на шеќер во крвта. Одобрението на верзијата за слабеење од страна на FDA во 2021 година предизвика светски бум, а истражувањата покажаа и дополнителни здравствени придобивки, како намален ризик од Алцхајмерова болест и срцеви заболувања, па дури и помош во третманот на зависности.

Сепак, компанијата не успеа да ја задоволи огромната побарувачка, што отвори простор за аптеките да продаваат копии на лекот произведени во самите аптеки. Иако американската FDA презеде мерки во мај за ограничување на оваа практика, Novo Nordisk проценува дека околу еден милион Американци сè уште користат копии од лекот.

На удар се и од конкуренцијата. Американскиот фармацевтски гигант Eli Lilly со својот лек „Зепбаунд“ ја презеде водечката позиција на американскиот пазар и во клинички тест покажа 50% поголема загуба на телесна тежина кај корисниците во споредба со „Веговј“. Дополнително, таблетата за слабеење на Lilly, „orforglipron“, која допрва треба да излезе на пазарот, ветува удобна алтернатива на инјекциите и потенцијално пониски производствени трошоци.

Последното истражување за „orforglipron“, објавено во четврток, покажа нешто послаби резултати од очекуваното, што донесе мало олеснување за Novo Nordisk, со што акциите пораснаа за повеќе од 6% тој ден. Но, генерално, цената на акциите на компанијата е намалена за речиси 60% во последната година.

За да ја ублажи кризата, Novo Nordisk ги намали цените на своите лекови и отвори онлајн аптека директно за потрошувачи, но продажбата во првата половина од годинава порасна за само 8% на годишно ниво, во споредба со 21% минатата година.

Дополнителен притисок претставуваат и тарифите наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп, кој им даде рок од 60 дена на фармацевтските компании да ги намалат цените, во спротивно ќе следат казни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk