logo
logo
logo

„ЕСМ ја затекнавме со девастирана инфраструктура, сега ги поставуваме темелите за енергетска ефикасност“

Vecer | 09.07.2025

„ЕСМ ја затекнавме со девастирана инфраструктура, сега ги поставуваме темелите за енергетска ефикасност“

На денешната трибина на тема „Од енергетска стабилност до силна економија“, се обрати Лазар Узунчев, директорот на ЕСМ.

На самиот почеток Узунчев истакна дека при преземањето со менаџирањето на ЕСМ, претпријатието било во катастрофална состојба со девастирана инфраструктура, неспроведени ремонти, недовршени ремонти на Блок 1 како и делумно спроведени ремонти на Блок 2 и Блок 3.

„АД ЕСМ, најголемото државно претпријатие, најголемата државна компанија којашто во моментов вработува преку 5 и пол илјади вработени заедно со своите ќерки фирми. На крајот на август минатата година, ја презедовме да ја менаџираме во катастрофална состојба. Компанијата ја затекнавме со девастирана инфраструктура. Неспроведени ремонти во РЕК Осломеј, конзервиран без ремонт, не завршен или не започнат ремонт на Блок 1 во Битола. Делумно спроведени ремонти во Блок 2 и Блок 3“, рече Узунчев.

Узунчев исто така додаде дека повеќе од една година не биле исплатени средства на преку 50 добавувачи на компанијата комплетно потфрлање во производството на јаглен и електрична енергија.

„Комплетно нарушени парични текови, на 1 Септември 2024 година, компанијата имаше обврска кој своите добавувачи во износ од 5,1 милијарди денари од коишто 4 милијарди денари беа веќе доспеани. Само 600 милиони денари од тие 4 милијарди беа доспеани повеќе од една година. Повеќе од една година ниту еден денар не им биле платени на преку 50 добавувачи на компанијата. Комплетно потфрлање во производството на јаглен, во производството на електрична енергија, девастиран хидро потенцијал којшто на 1 Септември го затекнавме на мизерни 9%. Огромна превработеност, преку 30% превработеност во компанијата. Само на 31 декември 2023 година се пријавени 690 лица, пред избори пријавиле 690 лица од коишто скоро сите со несоодветно образование, на несоодветни позиции. За жал голем дел од нив не ни оделе на работа. Систематски е уништувана компанијата заради неспособност, заради лукративност, тука пред се мислам на криминал, систематски се уништувани рудниците“, истакна Узунчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk