logo
logo
logo

ЗАПАМЕТЕТЕ ГО ОВА ИМЕ: Пенка Мукаетова е нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Vecer | 10.07.2025

ЗАПАМЕТЕТЕ ГО ОВА ИМЕ: Пенка Мукаетова е нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) информира дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше донесена одлука за именување на Пенка Мукаетова за нов Потпретседател на ССКМ.

Оваа одлука претставува дел од обновата на раководните структури на Сојузот со цел да се обезбеди стабилно, легитимно и професионално функционирање.

Со својот досегашен ангажман и углед во деловната заедница, Пенка Мукаетова претставува значаен фактор за Сојузот и ќе има водечка улога во враќањето на институционалниот интегритет и довербата кај членките.

Во истата насока, Горан Ѓорѓиевски и Ромео Костадинов се разрешени од сите функции во рамки на ССКМ, како и Драган Пехчевски, кој е разрешен од функцијата претседател на Групација на проекти.

Одлуката е донесена поради сериозни прекршувања на принципите и вредностите на Сојузот, како и поради утврдена вклученост во активности кои претставуваат обид за нарушување на легитимното раководство.

Во контекст на овие настани, ја информираме јавноста дека Сузана Јаневска е разрешена од функцијата извршен директор на ССКМ, поради злоупотреба на службена положба и фалсификување на службени документи.

Без овластување и во спротивност со процедурите на Сојузот, Јаневска испрати лажно соопштение до медиумите од својата приватна е-пошта (suzana.janevska77@yahoo.com), претставувајќи невистинити тврдења за наводно одржано собрание на ССКМ.

Нагласуваме дека такво собрание не било ниту закажано, ниту одржано по деловничка процедура и дека комуникацијата испратена од приватни адреси не претставува официјален став на ССКМ.

Поради сериозноста на прекршувањата, случајот е веќе пријавен во Министерството за внатрешни работи, а против одговорните лица се поведени соодветни дисциплински и правни постапки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk