logo
logo
logo

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани 21 шумски пожар

Vecer | 12.07.2025

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани 21 шумски пожар

Министерството информира дека пет шумски пожари сè уште не се изгаснати. Активни остануваат два пожари во округот Дибра, еден во округот Тирана, еден во Елбасан и еден во Корча, пренесе БТА.

Шумските пожари се регистрирани во области со грмушеста вегетација, а досега се изгорени површини од 91 хектар и 20 маслинови дрвја.

Во операциите за гаснење на пожарите биле ангажирани 38 противпожарни возила и 459 пожарникари. Вчера во гаснењето на пламените се вклучиле и албанските вооружени сили со 90 војници и три хеликоптери.

Според прогнозите на албанскиот Институт за геонауки, не се очекуваат врнежи на територијата на Албанија.

Окрузите за кои има издадено предупредување за висок ризик од пожари се Драч, Тирана, Фиер и Валона.

Министерството за одбрана ги повика албанските граѓани да не палат оган на отворено, да не горат отпад и да избегнуваат какви било дејствија што би довеле до предизвикување пожари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk