Полицијата заплени околу осум килограми кокаин на автопатот кај Лесковац и го уапси северномакедонскиот државјанин С.И. (44), под сомнение за трговија со дрога, беше соопштено денес.
За време на проверка на автопатот кај селото Брестовац, полицијата пронашла девет пакети со дрога во автомобил „форд“ управуван од осомничениот, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Србија.
На осомничениот, државјанин на Северна Македонија, му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава за трговија со дрога.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата