Страшна сообраќајна несреќа го потресе Краљево, откако автомобил синоќа излетал од коловозот и удрил неколку пешаци на тротоар. Во несреќата тешко било повредено петгодишно девојче, кое и покрај напорите на лекарите им подлегнало на повредите во Универзитетската детска клиника „Тиршова“ во Белград.
Меѓу повредените биле мајка со бебе во количка и нејзиното петгодишно дете. Девојчето утрово било пренесено од Краљево во Белград, но, и покрај укажаната медицинска помош, починало од здобиените повреди.
Второто дете, момче на возраст од една и пол година, исто така било пренесено во Белград со тешки повреди на главата и екстремитетите.
Мајката на децата се здобила со тешки телесни повреди и била згрижена во Општата болница „Студеница“ во Краљево.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата