logo
logo
logo

Поранешниот кошаркар Самир Авдиќ е нов градоначалник на Сараево

Vecer | 16.07.2025

Поранешниот кошаркар Самир Авдиќ е нов градоначалник на Сараево

Авдиќ за оваа функција беше кандидиран како член на партијата Народ и Правда (НП) од редовите на Бошњаците и кандидат на коалициската тројка во која се СДП БиХ и Наша партија (НС).

На оваа позиција тој го  замени досегашниот градоначалник Предраг Пухариќ (СДП-а БиХ) од редовите на Србите, кој во новиот мандат е избран за заменик-градоначалник. Втора заменичка е Мирела Џеверовиќ од Наша партијакако кандидат од редовите на други партии.

На овој начин, во раководните тела на Сараево, вклучувајќи го и Градскиот совет, нема ниту еден претставник на Хрватите.

Авдиќ најави дека ќе работи на благосостојбата на сите граѓани на Сараево, на подобрувањето на урбаната инфраструктура и на капитални проекти што ќе ги усогласат современите потреби на градот со неговото историско наследство.

Конкретните проекти, како што најави, ќе бидат зајакнати преку соработка со пријателски градови, вклучувајќи го и Загреб.

-Учеството на граѓаните ќе биде во нашиот фокус, рече тој.

Авдиќ е поранешен кошаркар кој ја започнал својата кариера во клубот Босна, продолжил во Шпанија и завршил во Турција. Играл и за репрезентацијата на Југославија а подоцна  и за Босна и Херцеговина. Во својата досегашна политичка кариера тој беше министер за култура и спорт на кантонот Сараево. Во 2018 година се приклучи на партијата Народ и Правда (НП), предводена од министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ.

Градоначалникот на Сараево се избира индиректно за четири години од мнозинството советници во Градскиот совет, кои се делегирани таму од советите на четирите општини што го сочинуваат градот и се избираат директно на локални избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk