logo
logo
logo

Морничаво невреме го погоди Балканот: Стравични сцени од Бугарија кружат на социјалните мрежи

Vecer | 08.05.2025

Морничаво невреме го погоди Балканот: Стравични сцени од Бугарија кружат на социјалните мрежи

Порано времето се менуваше од ден на ден, а денес се менува за само неколку часа. Така, во текот на еден ден можеме да очекуваме сонце, дожд и грмотевици. Иако вакви промени се нормални за ова време од годината, никој не очекуваше да бидат толку чести.

Можеби ве интересира: Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран

Како што вчера и во Македонија беше доста дождливо и променливо, така и кај нашите соседи имаше грмежи.

Еден призор од градот Меден Рудник во Бугарија ги шокираше многумина, но корисникот на Фејсбук, М.И., успеал да го фотографира она што се случувало среде бура.

Можеби ве интересира: Големо невреме во Србија- во Младеновац ветрот „однесе “ цела зграда (ВИДЕО)

Луѓето во коментарите споделуваа свои фотографии и видеа

Веднаш по објавувањето на фотографијата, луѓето во коментарите почнаа да споделуваат свои слики и видеа од невремето кое го зафати овој град. На некои снимки се гледа како се движат облаците, а потоа следи и силно грмење!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk