На Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Рим, албанскиот премиер Еди Рама клекна по втор пат пред италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Како домаќин, Мелони ги поздрави лидерите и претставниците на сите земји поединечно, но средбата со Рама повторно беше причина за непријатноста на која е навикната италијанската премиерка.
Имено, за време на поздравната средба, албанскиот премиер клекна на левата нога пред Мелони, склопувајќи ги рацете. Иако италијанската премиерка претпостави таков потег, го замоли да не го прави тоа.
He did it again:
— Clash Report (@clashreport) July 10, 2025
Albanian PM Edi Rama kneels before Italy's Meloni. pic.twitter.com/TBKheVsTnV
За прв пат на овој начин, Рама ја поздрави Мелони во мај оваа година на состанокот на Европската политичка заедница, кога клекна на црвениот тепих пред неа на дожд.
Во својот говор на конференцијата, премиерот Рама рече дека ветил дека ќе биде „невообичаено краток“ додека ѝ се заблагодарува на премиерката Мелони за организацијата, нарекувајќи ја „мојата сакана сестра“.
„Мојата драга сестра Џорџа Мелони денес ме потсети на сите дека сите патишта водат кон Рим“, рече Рама.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата