logo
logo
logo

Србија и САД ја зајакнуваат соработката во областа на нуклеарната енергија

Vecer | 17.07.2025

Србија и САД ја зајакнуваат соработката во областа на нуклеарната енергија

Дирекцијата за радијациона и нуклеарна безбедност и сигурност на Србија (СРБАТОМ) беше домаќин на претставници на Стејт департментот - Џастин Фридман, политички советник за нуклеарна дипломатија, и неговиот наследник, Кристофер Клајн.

За време на средбата со директорот Слаѓан Велинов и неговите соработници, американските претставници нагласиле дека Соединетите Американски Држави придаваат посебно значење на мирната употреба на нуклеарната енергија, како во свои рамки, така и преку поддршка на земјите кои развиваат или се подготвуваат за развој на нуклеарни програми.

Претставниците на САД изразиле подготвеност за подобрување на соработката со Србија преку потпишување на Меморандум за разбирање на државно ниво и организирање на специфични форми на поддршка, како што се работилници и обуки за локални експерти.

Велинов потсети дека СРБАТОМ веќе потпишал договор со Американската регулаторна комисија за нуклеарна енергија (НРК), што обезбедува добра основа за размена на искуства и дополнително зајакнување на капацитетите на регулаторното тело на Србија.

Беше заклучено дека постои заеднички интерес за продлабочување на соработката во оваа област, а денешниот состанок е оценет како значаен чекор во таа насока.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk