Иако со години постои „правило“ дека туристите треба да станат рано и да одат на плажа за да го добијат најдоброто место кад еги оставиле своите пешкири, се чини дека ситуацијата се променила во последните години, објави Телеграф.
Луѓето почнале да оставаат крпи на плажа во текот на ноќта, за да можат да спијат малку подолго наутро.
Сепак, властите во Калитеа и Полихроно решија да стават крај на ова.
Во Фејсбук групата „Грик Инфо“, едно лице сподели слики на кои се гледа како куп пешкири, наводно од плажите, завршиле во пикап камиони.
„Познати и непознати, кои сакаат постојано место на бесплатните плажи, ги оставиле на локацијата за да не го изгубат своето место. Во соопштението, општината нагласува дека конфискуваните предмети не се враќаат, туку се носат во единицата за рециклирање“, напишале.
Судејќи според коментарите под објавата, се чини дека ова станало практика и во други популарни грчки одморалишта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата