Полицијата привела 88-годишна жена која удрила полицаец со глинена тегла и каснала полицајка за време на истрага околу 9 часот наутро во понеделникот на улица во Максимир, соопшти Полициската управа во Загреб (ПУЗ).
Полицијата вели дека добила пријава дека жена удира по ѕидовите и влезните врати на други жители од станбена зграда, а кога полицијата пристигнала на местото на настанот, ја нашла жената видливо вознемирена и растроена. И се приближиле за да го проверат нејзиниот идентитет, а во тој момент, таа одбила да ја покаже својата лична карта и се обидела да избега во својот стан.
Полицајците тргнале по неа, но жената почнала да мавта со рацете кон нив, навредувајќи ги со погрдни зборови и туркајќи ги подалеку, обидувајќи се да ги гризне.
Потоа зела глинени тегли со цвеќиња и ги фрлила кон полицајците, а една од нив се скршила и ја повредила полицајката, по што била уапсена, јавуваат хрватските медиуми.
За време на апсењето, жената продолжила активно да се спротивставува, клоцајќи ги и навредувајќи ги полицајците додека биле во службеното возило, а во еден момент ја гризнала и полицајката за раката.
Жената била однесена во службените простории на полицијата, каде што било утврдено дека станува збор за 88-годишна жена на која ѝ била укажана медицинска помош во здравствена установа, додека на полесно повредените полицајци им била укажана медицинска помош во полициската станица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата