logo
logo
logo

ОД ДЕНЕСКА ВАЖАТ ПОСКАПИ ПАТАРИНИ НИЗ СРБИЈА

Vecer | 04.07.2025

ОД ДЕНЕСКА ВАЖАТ ПОСКАПИ ПАТАРИНИ НИЗ СРБИЈА

Во Србија од денеска се зголемуваат патарините за околу 4,2% по изминат километар.

Според пресметките на српските медиуми, возачите со автомобил за користње на автопатот од граничкиот премин Прешево до Белград ќе плаќаат по 1.970 динари (15,85 евра) патарина, додека од Прешево до Суботица ќе треба да платат 2.815 динари ( 22, 64 евра) за патарина.

Износот на патарина зависи и од автопатот низ кој се вози. Така од Белград до Димитровград новата цена е 1.740 динари, Белград – Ниш 1.170 динари, Суботица – Димитровград 2.575 динари, Нови Сад – Ниш 1.490 динари и Ниш – Шид 1.690 динари

Возачите кои користат електронска наплата на патарина (TAG) сè уште можат да сметаат на одреден попуст, па затоа се препорачува да го користите, особено ако често патувате.

Сепак, важно е да знаете дека ако ја немате картичката што ја добивате при влегување на автопатот, или е оштетена или е стара повеќе од 24 часа, може да ви биде наплатена најдолгата дистанца од таа делница и дополнителните трошоци за итна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk