logo
logo
logo

Позната е причината за смртта на тригодишно девојче, чие тело е најдено на плажа во Грција- никој не ја побарал

Vecer | 28.07.2025

Позната е причината за смртта на тригодишно девојче, чие тело е најдено на плажа во Грција- никој не ја побарал

Сепак, агонијата продолжува, бидејќи нема докази за идентитетот на девојчето, поради што нејзиното потекло, име и презиме остануваат непознати.

Врз основа на досегашните наоди, форензичките експерти веруваат дека девојчето страдало од некаков вид метаболичко заболување, објави Дејли Меил.

Девојчето е пронајдено мртво во раните утрински часови во недела на плажата Еден во Палео Фалиру.

На нејзиното тело имало повеќекратни повреди на лицето, како и на други делови од телото.

Според информациите од protothema.gr, земени се изјави од присутните на плажата, имено од еден Грк и еден Египќанец, од кои едниот го забележал  телото на детето и ја известил полицијата.

Девојчето носело едноделен костим за капење во светла боја, но било неухрането и со модринки.

Никој сè уште не го пријавил исчезнатото девојче, што е многу чудно. Постојат сомневања дека детето може да биде со странско државјанство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk