Министерот за полиција Ивица Дачиќ вели дека на социјалните мрежи е објавена опасна лага дека полицајци употребиле звучен топ против демонстрантите за време на 15-минутниот молк.
Коментирајќи ги наводите на социјалните мрежи, објавени од опозициските екстремисти, дека полицијата наводно употребила звучен топ против демонстрантите на протестот вечерва, Дачиќ вели дека тоа апсолутно не е точно.
Според Дачиќ, употребата на звучни топови не е во согласност со законот, а полицијата за време на протестите исклучиво користела легални средства.
- Лага е дека полицијата употребила звучен топ за 15-минутниот молк на демонстрантите на улиците. Употребата на звучен топ не е во согласност со законот, а српското Министерство за внатрешни работи користи само средства кои се во согласност со законот. Сите факти за споменатиот настан ќе ги утврдат надлежните органи кои ќе ја водат истрагата - потенцира Дачиќ за Информер.
За овие лаги се огласи и МВР.
„Најодлучно ги демантираме дезинформациите што се појавија во некои медиуми дека на вечерашниот протест бил употребен звучен топ. МВР никогаш не користело, ниту користи средства кои не се предвидени со закон. Денеска и покрај нападите врз нив, полициските службеници не ги извадија ни службените палки, а камоли да употребат некакви незаконски средства“, се вели во соопштението.
Ова е видеото кое се шири на социјалните мрежи
zvučni top pic.twitter.com/PceLtrmPdR
— Mirko Vujić 🇷🇸🇪🇺🇺🇦 🇬🇪🇻🇪 (@Mirko_Vujic) March 15, 2025
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата