logo
logo
logo

СМРТНИ ЗАКАНИ ЗА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ВАЈЦ ОД БУГАРСКИ ЕКСТРЕМИСТИ

Vecer | 14.07.2025

СМРТНИ ЗАКАНИ ЗА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ВАЈЦ ОД БУГАРСКИ ЕКСТРЕМИСТИ

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека бил мета на жестоки напади и закани по неговиот живот, поради извештајот за напредокот на земјава кој минатата недела беше изгласан во Европскиот парламент.

Во интервју за Канал 5, Вајц вели дека е задоволен од извештајот, но ја осудува кампањата на оцрнување што ја воделе против него, особено од бугарска страна.

– Да, бев под силен напад, тоа беше цела кампања за оцрнување против мене. Ме нарекуваа пристрасен, бев обвинет дека сум имал повеќе разговори со Македонија отколку со Бугарија. Ме обвинуваа дека сум корумпиран – изјави Вајц.

Тој посочува дека неговиот приватен телефонски број бил споделуван во екстремно десничарски групи на Телеграм, што резултирало со закани од сериозен карактер.

– Добив смртни закани и секакви закани, а ова продолжува и по гласањето. За жал, ова тотално ескалираше во Бугарија – нагласува Вајц.

Извештајот за напредокот на Македонија беше позитивно оценет во Брисел, но очигледно предизвика политички тензии и негативна реакција од одредени кругови, особено кај оние кои го сметаат за пристрасен во однос на бугарско-македонските односи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk