logo
logo
logo

Низ цела Албанија има пожари, најкритично на југот, хеликоптери во акција, жителите на плажата и туристите се евакуираат

Vecer | 27.07.2025

Низ цела Албанија има пожари, најкритично на југот, хеликоптери во акција, жителите на плажата и туристите се евакуираат

Според надлежните во изминатите 24 часа се регистрирани 45 пожари, од кои 21 се се уште активни, 16 се под мониторинг, а 8 се изгаснати. 

-Во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, противпожарен авион „Канадер“ полета од Италија и ќе учествува во воздушни операции за гаснење на пожарите на југот од земјата, во областите Борш, Пиќерас и Лукове, каде ситуацијата е најтешка, објавија медиумите повикувајќи се на Министерството за одбрана. 

Во Борш, пламените јазици се приближиле до плажата, додека на патот Химара-Саранда во близина на Борш во сила е забрана за сообраќај, евакуирани се жителите кои живеат во станови кои се изложени на ризик од огромниот пожар, како и туристи сместени во хотели во Борш.

Пожарите оставија пустош.  По гаснењето на пожарот во селото Канин, кај Делвина, денеска Министерството објави снимка на која се гледа обемот на штетата предизвикана од пожарот.

Полицијата пак информираше дека е уапсен 63- годишник кој го предизвикал пожарот во кој изгореа 600 хектари вегетација и природни површини во Националниот парк "Дајти".

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk