logo
logo
logo

ТОА Е СТРАТЕШКА ИНВЕСТИЦИЈА ШТО МОРА ДА ЈА СТОРИМЕ: Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ

Vecer | 12.06.2025

ТОА Е СТРАТЕШКА ИНВЕСТИЦИЈА ШТО МОРА ДА ЈА СТОРИМЕ: Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ

Треба да го одржиме кредибилитетот на процесот на проширување и нашите интереси во областа на безбедносната во однос на Западен Балкан. Треба да го одржиме ветувањето што им го дадовме на сите ваши земји дека сме посветени на реформите и на нашите заеднички вредности, бидејќи иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Мицотакис истакна дека секој пат кога се среќаваат со партнерите, разговараат за процесот на проширување, не само со Молдавија и Украина, туку и со Западен Балкан и паралелно уште еднаш ја повтори грчката поддршка.

– За нас, проширувањето отсекогаш било и останува приоритет. Тоа е стратешка инвестиција што мора да ја сториме како Европејци за мирот, стабилноста, просперитетот и безбедноста на регионот. Денес е уште поимперативно, во конкретната геополитичка рамка на Европа, истакна Мицотакис.

Дополнително, со претседателката на Молдавија разговарале и за енергетиката, за како што рече Мицотакис, амбициозните планови за поврзување на Александруполи со Одеса преку Бугарија, Романија и Молдавија.

Тој се осврна и на вчерашниот Самит Украина-Југоисточна Европа во Одеса, потсети дека првиот самит се одржа, на иницијатива на Грција во Атина во август 2023 година и иазрази задоволство што е продолжена иницијативата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk