logo
logo
logo

Заразна болест се шири во Хрватска

Vecer | 24.07.2025

Заразна болест се шири во Хрватска

Во Хрватска се појави инфекција која ги загрижи многумина, а се огласи и премиерот.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ предупреди за појавата на антракс кај добитокот, посочувајќи дека станува збор за заразна болест која се јавува кај домашните и дивите животни, но може да се пренесе и на луѓето.

Активностите поврзани со оваа болест покажаа, рече Пленковиќ на отворениот дел од седницата на Владата, дека оваа инфекција засега не е потврдена кај луѓето.

„Нема потврдени случаи на заболување кај луѓето, а ризикот по здравјето на населението е низок, благодарение на спроведувањето на сите протоколи што се во тек“, рече Пленковиќ.

Тој ја објасни важноста на вакцинацијата и комуникацијата со ветеринарната служба.

„Животните редовно се вакцинираат, а ветеринарите се информираат навремено, токму ова е клучот за спречување на ширењето на оваа болест“, рече Пленковиќ.

Тој упати посебен апел до сопствениците на добиток да се однесуваат претпазливо и одговорно, како и да соработуваат со ветеринарната служба.

Тој најави дека надлежното Министерство ќе подготви две програми за целна помош, едната за надомест на штети, а другата за обновување на добитокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk