Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан не можеше да го пропушти спектакуларниот Супербоул, каде што се појави со потенцијалното момче, возачот на Формула 1, Луис Хамилтон.
Со ова појавување, тие дополнително ги разгореа пшпекулациите кои што кружат веќе некое време, и се чини дека е сè поизвесно дека тие се нов пар на јавната сцена.
За време на настапот на Бед Бани на полувремето, камерата ги фати Луис и Ким, а експерт за читање од усни се обиде да анализира што славниот шампион ѝ рекол на својата потенцијална девојка.
Ова може да биде нивниот прв заеднички состанок, барем додека не го негираат тоа, а според „Дејли меил“, она што ѝ го кажал Хамилтон нема баш да им се допадне на сите.
Никол Хиклинг го даде своето толкување на нивниот разговор што стана вирален на социјалните мрежи, а како што стојат работите, Ким можеби ќе биде малку разочарана.
„Во еден момент тој ѝ рече: „Не носам која било девојка кај мама дома, еден ден ќе ја запознаеш и таа е многу возбудена за тоа“.
Ким зачудена одговори „добро“.
Набрзо ова се прошири и на социјалните мрежи, но повеќето веруваат дека тоа е измислена приказна и дека е невозможно некој да протолкува што Хамилтон ѝ рекол на Ким.
Kim probably the only woman in the world who can bag any man she wants.
— SLIME/TRENCH 🐐💚 (@iamRTI) February 9, 2026
pic.twitter.com/VU6ZtqsU3M
„Ова е глупост“, „Тие дури и не разговараа“, „Невозможно е некој да протолкува нешто од ова видео“, „Не ме интересира што ѝ рекол, тие се ужасен пар“, им рекоа луѓето на социјалните мрежи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата