logo
logo
logo

Судот го одби барањето на Диди за слобода со кауција

Vecer | 04.07.2025

Судот го одби барањето на Диди за слобода со кауција

Адвокатите на Комбс тврдеа дека Шон не претставувал ризик од бегство, но судијата на Окружниот суд во Њујорк, Арун Субраманијан, ја зеде предвид неговата историја на насилство и ја одби кауцијата, наредувајќи му да остане во притвор до изрекувањето на пресудата, која е закажана за подоцна оваа година, објавува Би-Би-Си.

Комбс се соочува со можна максимална казна до 20 години затвор.

На речиси двомесечно судење во Њујорк, обвинителите тврдеа дека Комбс го користел својот статус и бизнис империја за да води криминална мрежа што тргувала со жени.

Иако поротата го ослободи Комбс од обвиненијата за рекетирање и трговија со луѓе, го прогласи за виновен за подведување, што носи казна до доживотен затвор.

Пресудата беше донесена еден ден откако поротниците изјавија дека не можат да се согласат за обвинението за рекетирање, кое е „најсложено“.

За обвинението за рекетирање, обвинителите мораа да докажат дека Комбс ја користел својата мрежа на соработници за организирање криминални активности, вклучително и трговија со луѓе за секс.

За време на седумнеделното судење беа повикани повеќе од 30 сведоци, вклучувајќи ги поранешните вработени и раперот Кид Куди

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk