logo
logo
logo

Шокантен пресврт на судењето за смртта на Метју Пери- докторот се соочува со 40 години затвор

Vecer | 23.07.2025

Шокантен пресврт на судењето за смртта на Метју Пери- докторот се соочува со 40 години затвор

Ова се случило, како што признал тој, еден месец пред неговата смрт.

Според „Мирор“, доктор Салвадор Пласенсија признал четири точки на обвинението пред федералниот суд во Лос Анџелес, нарекувајќи го покојниот актер „кретен“ во текстуални пораки.

Пласенсија, со седиште во Калифорнија, веќе бил обвинет по смртта на Пери. Денес, тој се изјасни за виновен по четири точки на обвинение за нелегална дистрибуција на дрогата, која се користи како анестетик на рецепт.

Обвинителите рекоа дека сега се соочува со казна затвор до 40 години кога ќе биде осуден.

Потсетете се, Метју Пери беше пронајден мртов во неговото џакузи во октомври 2023 година. Официјалната причина за смртта е предозирање со кетамин. Актерот претходно јавно зборуваше за своите борби со зависноста и менталното здравје и користел кетамин под контролирани услови како дел од неговата антидепресивна терапија. Сепак, според обвинителството, во есента 2023 година, тој доживеал сериозен рецидив, за време на кој несовесни поединци во медицинската професија повторно го вовеле во деструктивниот циклус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk