logo
logo
logo

Се разведуваат Дениз Ричардс и Арон Фајперс

Vecer | 08.07.2025

Се разведуваат Дениз Ричардс и Арон Фајперс

Американската глумица Дениз Ричардс и канадскиот бизнисмен Арон Фајперс се разведуваат по седум години брак. Барањето за развод го поднел Арон нa 4 јули, а како причина се наведени „непремостливи разлики“, објави списанието „Пипл“ синоќа, повикувајќи се на судските документи.

Според наводите, Фајперс (52) побарал од Ричардс брачна издршка, а исто така, побарал и нивните средства и долгови, вклучувајќи ги неговиот електричен алат, мотоциклот и спортски автомобил, да останат одвоени. Двојката нема свои деца, иако Ричардс претходно говореше дека Фајперс е во процес на посвојување на нејзината 14-годишна ќерка Елоиз. Не е јасно дали посвојувањето официјално се случило.

Довчерашните сопружници се запознале во Малибу, а врската ја почнале во јуни 2017 година. Се венчале на 8 септември 2018 година. Ѕвездата од трилер-класиката „Диви нешта“ претходно беше омажена со Чарли Шин, со кого имаат две ќерки - Сами и Лола. А пак,  Фајперс кратко време бил в брак со ѕвездата од „Домаќинки“, Николет Шеридан.

Во март, во една епизода од реалното шоу „Дениз Ричардс и нејзините диви нешта“, Арон и Дениз рекоа дека никогаш нема да се разведат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk