Мијалковски закажан на 2 април во Националната oпера и балет се распродаде во рекордно
време, организаторите најавуваат дека се трошат и последните билети за вториот
концерт – на 3 април. Побрзајте, бидејќи трет концерт ќе нема!
музичка легенда Драган Мијалковски ќе се одржат во придружба на големиот
концертен оркестар и членови од
националниот џез оркестар во организација на Радио Бубамара.
Драган Мијалковски кои ќе бидат изведени во исти аранжмани како во старите
добри времиња. Ексклузивно ќе бидат претставени и две песни од новиот албум, на
кој Мијалковски интензивно работи.
идните генерации, затоа подгответе се заедно да ги пееме незаборавните „Кажи ми“, „223-3О5“, „Скопје
радост моја“, „Кажи нешто, драга“, „Перонот 3“ , „Моја малечка гулабице“, “Убава
си како музика“, „Ти така ми доаѓаш“, „Оди си“, „Иди, иди, душо моја“, „Гитаро
моја“, „Лебеди, пловете“ и други незаборавни песни, кои одамна си нашле место
во домашната антологија на евергрини.
настан, време за уживање и ронка носталгија и заедничка прослава на домашната музичка
култура и нашите најголеми музички вредности, велат организаторите на концертот.