Имено, кога влегувал на забава, бил запрен и претресен од шпанската полиција, која на почеток не го препознала, пишува Page Six.
Иако овој пат не носел маска на лицето, како што често прави во јавност, актерот носел препознатлива црна бејзбол капа, облечен целосно во црно и со синџир околу вратот и гледал во мобилниот телефон додека чекал во ред за да биде претресен.
Полицијците не го препознале
Иако полицијата се чинеше дека ја издвоила холивудската ѕвезда, извор објаснил за Page Six дека тоа е стандардна процедура. „Секое лице било претресено и идентификувано“, рекол изворот, додавајќи дека на забавата имало многу познати личности. Шпанските полицајци едноставно не го препознале Дикаприо на почетокот.
„Смешно е, го погледнале двапати, а потоа влегол!“ додал изворот.
Leonardo DiCaprio e Vittoria Ceretti em uma boate em Ibiza, recentemente. pic.twitter.com/dxlbSASfmN
— Leo DiCaprio Br (@DiCaprioBrasil_) August 4, 2024
Одмор со девојката и пријателите
ДиКаприо е на одмор на Ибица со својата девојка, 27-годишната италијанска манекенка Виторија Черети. На забавата, чии домаќини беа Патрон и шпанскиот актер и пејач Арон Пајпер, присуствуваа и други ѕвезди како што се Кендал Џенер и најдобриот пријател на Дикаприо, Тоби Магваер. На раперот Травис Скот, според „Дејли меил“, му бил забранет влезот.
Актерот е редовен гостин на Ибица, а претходно овој месец тој и Черети беа видени како се качуваат на мега јахтата на Џеф Безос и Лорен Санчез. Двојката присуствуваше и на нивната свадба во Венеција во јуни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата