logo
logo
logo

ПОЧИНА САША ПОПОВИЌ – Регионот остана без еден од најголемите естрадни визионери

Vecer | 01.03.2025

ПОЧИНА САША ПОПОВИЌ – Регионот остана без еден од најголемите естрадни визионери

Саша Поповиќ, основач на „Гранд продукција“ и шоумен, почина денеска на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување, соопшти денеска Гранд продукција.

Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.

– Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера. Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живеел – соопштија од Гранд продукција.

Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој својата најголема среќа ја наоѓаше во кругот на најблиските. Во брак со Сузана, со која сподели долгогодишна љубов и поддршка, ги одгледа своите деца Александра и Даниел, на кои им беше огромна потпора и столб.

Информации за погребот ќе бидат објавени дополнително.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk