logo
logo
logo

По 26 години: Сандра Булок и Никол Кидман повторно заедно на снимањето

Vecer | 22.07.2025

По 26 години: Сандра Булок и Никол Кидман повторно заедно на снимањето

Холивудските ѕвезди Никол Кидман и Сандра Булок се повторно заедно на снимањето, а првите снимки ги воодушевија многу фанови на филмот.

Кидман на својот Инстаграм профил сподели емотивен момент од првиот ден од снимањето, потврдувајќи дека снимањето на продолжението официјално започна.

Клипот ги прикажува Кидман и Булок во срдечна прегратка.

- Вештерките се вратија. Првиот ден на сестрите Овенс на снимањето - напиша актерката.

Тие се враќаат како сестрите Сали и Џилијан Овенс, потомци на долга линија вештерки. Во оригиналниот филм од 1998 година, базиран на романот на Алис Хофман, сестрите се бореа со семејно проклетство кое ги одзело животите на сите мажи во кои се заљубиле.

Режијата на фиулмот ја поптишува Сузан Бир, позната по нејзината работа на „Брд Бокс“, додека Акива Голдсман, која исто така работеше на оригиналот, го пишува сценариото. Иако не се откриени многу за претстојното продолжение,од „Ворнер Брос. Пикчерс“ откри дека неговото објавување е закажано за 18 септември 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk