logo
logo
logo

Пенелопе Круз меѓу најубаво облечените дами на „Летниот бал“ во Париз

Vecer | 08.07.2025

Пенелопе Круз меѓу најубаво облечените дами на „Летниот бал“ во Париз

На настанот којшто го означи отворањето на француската Недела на високата мода, а се одржа во Музејот на декоративни уметности во Париз, беше прославена и стогодишнината од првата Меѓународна изложба на декоративни уметности. Пенелопе блесна во креација на „Шанел“, пренесуваат медиумите. Имено, за оваа пригода, таа се одлучи за долг и лелеав темносин фустан од колекцијата „Висока мода за пролет/лето 2025“... Со слоеви од проѕирен тил и украсен со дискретни златни детали, фустанот оддаваше впечаток на нежност.

Асиметричниот горен дел со проѕирни слоеви додаде доза модерност. Полниот впечаток од својот изглед, глумицата го надополни со црна чанта, минималистички накит, природна шминка и подигната коса.

Недела на високата мода во Париз за сезоната есен/зима 2025 - 2026 трае до 10 јули.

По низата промотивни активности за филмот „Ферари“ каде што ја глуми Лаура Ферари, покрај Адам Драјвер, актерката накратко се повлече од медиумите. Таа, инаку, е позната по внимателното избирање на проекти со нагласка на квалитетот и личната поврзаност со улогите. Покрај нејзините филмски ангажмани, Круз во последно време може да се види во светот на модата како лице на „Шанел“ како инспирација за многу модни дизајнери. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk