logo
logo
logo

Холивудска убавица за прв пат во јавност по породувањето

Vecer | 22.08.2025

Холивудска убавица за прв пат во јавност по породувањето

Станува збор за промоција на новиот романтичен филм „A Big Bold Beautiful Journey“ во Беверли Хилс, а таа позираше со својот колега Колин Фарел.

По светскиот успех со филмот „Барби“, а потоа и паузата поради бременоста и мајчинството, Марго Роби се врати на работа, на радост на сите оние кои со нетрпение го очекуваа нејзиното враќање.

Актерката, која со години важи за  најубавата холивудска ѕвезда, го привлече вниманието во црн мини фустан кој ја истакна нејзината витка фигура, а изгледа како никогаш да не родила.

Многумина се согласуваат дека Марго Роби изгледа уште поубаво откако стана мајка, а синот го доби со сопругот Том Екерли, со кого има и деловно партнерство во продуцентската куќа „ЛакиЧап“.

Сè уште не е познато какво име му дале на својот син, бидејќи го чуваат својот приватен живот во строга тајност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk