logo
logo
logo

Халид Бешлиќ е итно хоспитализиран во клиничкиот центар во Сараево

Vecer | 23.08.2025

Халид Бешлиќ е итно хоспитализиран во клиничкиот центар во Сараево

Поради влошената здравствена состојба, Бешлиќ беше принуден да го откаже својот концерт во Градачац, закажан за среда, 27 август 2025 година, објави Информер.

- За жал за сите нас, должни сме да ве информираме дека планираниот концерт на Халид Бешлиќ, закажан за среда, 27 август 2025 година, е откажан поради здравствени причини со кои се соочува нашата голема музичка ѕвезда. И покрај огромната желба да се дружи со публиката на Градачац на првата вечер од саемот, Халид е принуден моментално да се посвети на своето здравје и да го започне процесот на рехабилитација. Менаџментот на популарниот пејач го разбира разочарувањето на неговата лојална публика и ветува ново дружење во блиска иднина - се наведува во официјалното соопштение.

Да ве потсетиме дека Бешлиќ со години се соочува со здравствени проблеми. По сериозната сообраќајна несреќа во 2009 година, во која го изгуби окото и претрпе повреди на белите дробови, му беше вграден стент, а се бори и со дијабетес. Сите овие предизвици бараат посебно внимание и континуирана здравствена грижа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk