logo
logo
logo

Фото: Поранешниот сопруг на Џесика Алба штотуку се разведе, а веќе е во врска со 20 години помлада манекенка

Vecer | 13.08.2025

Фото: Поранешниот сопруг на Џесика Алба штотуку се разведе, а веќе е во врска со 20 години помлада манекенка

Продуцентот Кеш Ворен е забележан со девојка која е 20 години помлада од него, само шест месеци откако неговата поранешна сопруга, убавата актерка Џесика Алба поднесе барање за развод.

Новата романса предизвика лавина од коментари, а поголемиот дел од критиките се фокусираа на големата разлика во годините меѓу партнерите.

Поранешниот сопруг на познатата актерка 46 годишниот Кеш Ворен е виден на вечера со 20 години помладата манекенката Хана Сан Дор во Лос Анџелес.

„Неговата најстара ќерка има 17 години“, „Мини верзија на Џесика Алба, типична“, „Очигледно е дека сака таков тип на жена“, „Срам да ти е. Таа е малку постара од твоите деца“, „Обично не пишувам вакви коментари, но мислев дека е негова ќерка“, коментираа на Инстаграм.

Врската сè уште не е потврдена, додека Џесика Алба (44) официјално е со актерот Дени Рамирез (32), со кого беше на одмор во Канкун, и беа фатени како се бакнуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk