Брена и Боба традиционално со пријателите и семејството секое лето го поминуваат на јахта вредна шест милиони евра.
Џет сет брачниот пар ужива во шармот на луксузниот живот, исполнет со бројни патувања.
Славниот пар ја користи секоја прилика да посети различни дестинации, а кога ќе дојде лето, тоа го прават пловејќи по брегот со својата јахта.
Јахтата има шест спални соби, а една од нив има дури и сопствена бања.
Секако тука е и големата дневна соба, мермерната маса и огромен телевизор, но и детали во златна боја кои даваат топла атмосфера.
- Па, тоа е убав мал брод од околу 100 стапки, со пет или шест спални соби. Тоа не беше само подарок за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација. Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме, изјавила Брена за српски Блиц.